Хрватската поп-ѕвезда Јелена Розга неодамна влезе во петата деценија, а судејќи по изгледот, би рекле дека има 25 години. Јелена истакнала дека еден од клучните фактори за нејзиниот изглед е тоа што не внесува алкохол, а газираните сокови не ги пие од здраствени причини.
„Многу долго спијам, никогаш не конзумирам алкохол. Јас не знам каков е вкусот на вино и останатите такви производи. Најчесто пијам вода, пред неколку години ги исфрлив и газираните сокови, прво поради срцето и жлездата. Одам на масажи, лесни терапии и многу малку се шминкам“ – тврди Розга.
Пејачката е препознатлива по белиот тен кој го чува од сонцето веќе неколку години. Таа скоро никогаш не ја открива тајната на својот изглед, но сега се реши да го сподели клучот со жените.
„Не излегувам на сонце, порано ме гледаа колку сум бела, а сум од Сплит, но сега се навикнаа на тоа“ – рекла пејачката.
Таа открила што е клучно за нејзината витка линија…
„Не тренирам, но многу сум активна и енергична, тоа ме троши многу. Веројатно и генетиката и класичниот балет со кој се занимавав пред да влезам во групата „Магазин“, па можам да си дозволам после настап да изедам бурек, се напијам јогурт и да легнам да спијам“ – со насмевка кажала Розга.