Најпопуларната хрватска навивачка на СП 2022 во Катар, Ивана Кнолк ги демантираше написите дека ќе се соблече гола доколку Хрватска успее да го освои Светското првенство во Катар.
„Лагата на медиумите. Нема да се соблечам гола ако Хрватска го освои Светското првенство! Благодарам“, кратко порача најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол.
Оваа популарна навивачка претходно за германските медиуми изјави дека „знамето ќе падне“ доколку победи Хрватска.
Инаку, нејзиното соблекување го очекуваа многу европски и светски медиуми, кои изминативе денови се тркаа за да дојдат до интервју со убавата Ивана.