Една од најзгодните жени на светот, бразилската манекенка и фото – модел Изабел Гулар го претстави нејзиниот карневалски костим. Тоа е повеќе од предизвикувачка модна креација, каква што и се очекуваше.
Горниот дел од костимот потсетува на бикини и е украсен со раскошни детали. Изабел, карневалскиот стајлинг го надополнила со накит кој во целост одговорал со костимот, а на нозете носела металик сандали.
Долниот дел бил направен од повеќе ланци во форма на бисери под кои носела златна танга. Познатата манекенка често објавува фотографии на Инстаграм во сексапилни изданија, а во слични стајлинзи се појавуваше и претходните години на познатите годишни ревии на „Викторија Сикрет“ како „ангел“ на овој бренд.
Изабел, која се смета за една од најзгодните жени на светот, изгледала многу провокативно и потсетувала на бројните танчарки на карневалот, кој започна пред 5 дена и ќе трае до 25 февруари.
За изгледот на оваа манекенка често се зборува на социјалните мрежи и на светските портали. Нејзината одлична линија е резултат на долгогодишното тренирање и исхраната која се состои од мали порции, многу сокови од овошје, свеж зеленчук и протеини.