Шпанската глумица Пенелопе Круз (47) е фотографирана на плажа во Италија каде го покажа своето згодно тело.
Имено, холивудската ѕвезда е на одмор со своето семејство, а овие фотографии се вистинско уживање за нејзините обожаватели ширум светот, бидејќи оваа актерка е тешко да биде фотографирана во приватни изданија, особено на плажа.
Таа прво прошета на плажа во едноделен црвен костим за капење и тексас шорцеви, а нејзиното милениче ѝ правеше друштво, а потоа влезе во морето во истиот костум и црни шорцеви.
Малку подоцна, таа беше фотографирана како го гушка својот син Леонардо, додека нејзината ќерка Луна играше во нивна близина.