Поранешната учесничка на Мис Хрватска и најпознатата хрватска навивачка, Ивана Кнол се појави на забвата по завршувањето на церемонијата по повод доделувањето на филмските награди БАФТА во Лондон, Велика Британија.
Забавата која ја организираше британскиот „Вог“ ги собра на едно место луѓето од филмската индустрија и сите љубители на гламурозните и елитни вечери.
Ивана Кнол ги воодушеви своите фанови, со неколку фотографии кои ги постираше на социјалните мрежи, со наслов: „Чест е да бидеш дел од забавата на британскиот ‘Вог’. Ви благодарм што ме поканивте“.
Кнол блеснала во смел фустан со неизбежно истакнување на атрибутите, па присутните не знаеле каде прво да погледнат.
Жешката Хрватка носела целосно проѕирен фустан со длабоко деколте, уште подлабок шлиц, но и танга долна облека, која целосно ја открива нејзината позадина.
Инаку, принцот Вилијам е претседател на БАФТА од 2010 година, а оваа година на настанот се појави со сопругата Кејт Мидлтон.