Најжешката Британка се појави во фустан, што речиси ништо не сокри (ФОТО)

by Тони Зографски

Актерката и манекенка Маура Хигинс го украде шоуто во провокативен проѕирен фустан на доделувањето на наградите „Жени на годината“ и „Гламур“, кои повторно собраа бројни познати личности.

Убавата 35-годишна Ирка, позната по учеството во реалното шоу „Остров на љубовта“, се појави во црна вечерна тоалета која имаше проѕирни и свилени материјали, кои брилијантно ја истакнуваа нејзината витка фигура, но и нејзините заводливи облини.

Горниот дел од фустанот беше украсен со прилично длабоко деколте, но „стратешките“ делови од телото беа дискретно покриени со сатенска ткаенина.

За потсетување, Маура Хигинс стана позната во 2019 година, кога беше финалистка во петтата сезона на реалното шоу „Остров на љубовта“, а го доби и прекарот „најжешката Британка“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com