91-тото доделување на филмските награди Оскар што ноќеска се одржа во „Долби театарот“ се можеби најдосадни “Оскари“ до сега. Откако американскиот комичар Кевин Хант се откажа од улогата на водител по бурните реакции на јавноста на неговите стари хомофобни пораки на Твитер, прв пат по три децении овогодинешното доделување на наградите беше одржано без водител, па на сцената се редеа како презентери Џејсон Мамоа, Џенифер Лопез, Серена Вилијамс, Квиз Латифа, Хавиер Бардем, Анџела Басет, Мајкл Китон, Даниел Крег, Шарлиз Терон, Мишел Јео, Вил Фаремл, Самјуел Л. Џексон, Барбра Стрејсенд, Гилермо дел Торо, Џулија Робертс.
Иако сите прогнозите беа во корист на филмот „Рома“, „Зелена книга“ беше погласен како најдобро филмско остварување за 2018. За најдобра машка улога како што и се прогнозираше Оскарот го доби Рами Малек за улогата на Фреди Меркјури, пејачот на групата Квин. Оскарот за најдобра женска улога изненадувачки отиде кај Оливија Колман за улогата на кралицата Ана во филмот „Миленичка“. Оскарот за најдобар режисер го доби Алфонсо Гуерон за филмот „Рома“. За најдобра песна е прогласена „Плитко“ во изведба на Лејди Гага, а песната ја изведе на сцената заедно со нејзиниот филмски партнер Бредли Купер.