Најдолговечните луѓе ги јадат овие три намирници за ужина

by Тони Зографски

Стогодишниците имаат здрави навики. Колку што генетиката игра улога во животниот век, истражувањата открија дека не треба да се занемаруваат ниту вежбањето, нивото на стрес и исхраната.

Најдолговечните луѓе никогаш не го прескокнуваат појадокот и секогаш користат едно правило во првиот оброк во денот. Меѓутоа, кога ќе огладне, ужината е тука за да го измами гладот.

Еве што јадат тогаш:

Јаткасти плодови

Според многу истражувања, луѓето кои секојдневно јадат јаткасти плодови имаат подолг животен век, пониски нивоа на холестерол, помалку воспаленија и понизок крвен притисок од оние кои не ги јадат често. Јаткастите плодови се вистинска ризница на витамини, минерали и хранливи материи. Тие содржат калциум, калиум, магнезиум, железо, фосфор и други минерали.

„American Journal of Lifestyle Medicine“ наведува дека исхраната на најстарите луѓе се базира на растенија, додека месото е само за повремено уживање. Ова е причината зошто најдолговечните луѓе консумираат јаткасти плодови и маслиново масло.

Банани

Бананите се богати со калиум, витамин Ц и растителни влакна. Конзумирањето доволно влакна во текот на денот е клучен дел од здравата исхрана. Влакната го намалуваат ризикот од дијабетес, го подобруваат здравјето на срцето, па дури и го намалуваат ризикот од некои видови рак.

Кафе

Омилениот пијалок на многумина се вбројува меѓу основната храна во најздравите заедници во светот. Важно е како се пие кафето. Стогодишниците најчесто го пијат црно, без шеќер и млеко. Ова помага да се спречи преоптоварување со шеќер.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com