По повод Филмскиот фестивал во Лондон, каде што била одржана премиерата на филмот Glass Onion: A Knives Out Mystery, се појавиле голем број актери, меѓу кои и славниот Даниел Крег кој ја игра улогата на детектив во споменатиот филм.
Крег се појавил на црвениот килим видно расположен, додека неговата придружничка привлекла големо внимание. Имено, на актерот друштво му правела 30-годишната ќерка Ела, која блескала во татковата прегратка.
Ела е круна на љубовта помеѓу Крег и Фиона Лудон. Имено, Даниел бил само две години во брак со Фиона, од 1992 до 1994 година. По разводот, почнал да се гледа со германската актерка Хејке Макач, со која бил во врска до 2004 година.
По неколкуте кратки и неуспешни врски, започнал врска, а потоа и стапил во брак во 2011 година со оскаровката Рејчел Вајс, со која добил дете во 2018 година.
Интересно е што тие двајца глумеле заедно во 1994 година, без да претпостават дека меѓу нив ќе се роди огромна љубов. Сепак, нивните улоги како да го предвиделе подоцнежниот развој на љубовната приказна.
Актерката претходно зборувала дека никогаш не сакала брак, но дека Крег ѝ го променил тој став и дека првично биле пријатели.
Двојката се венчала во тајност, додека на свадбената церемонија присуствувале само најблиските членови на семејството, односно ќерката на Даниел, Ела, синот на Рејчел, Хенри, како и кумовите кои ги венчале.
Крег раскажал дека поентата на венчавката била да биде приватна за да не се расипат работите. Тие живеат повлечено, строго чувајќи ја интимата. Добиле ќерка во септември 2018 година, кога Рејчел Вајс имала 48 години, а Крег имал 50.