Еден од најпосакуваните мажи на светот, Џејсон Момоа (44), повторно е на седмо небо, а сето тоа поради 12 години помлада девојка.
Како што пренесуваат странските медиуми, актерот неодамна на Инстаграм објавил фотографии со помладата колешка Адриа Архона (32) и со тоа му ставил до знаење на светот дека е зафатен.
Посебно внимание во јавноста привлече првата фотографија на која холивудскиот фраер ја прегрнува насмеаната Адриа додека вечераат со пријателите.
„Љубов моја“, напишал тој и додал дека со убавата бринета споделил уште една возбудлива авантура.
Да потсетиме, Џејсон зад себе го има бракот со актерката Лиза Бонет, со која има две деца. Парот стави точка на својот однос во 2022 година.
Адриа исто така била во брак. Таа во 2019 година се омажила зпорториканско-американскиот адвокат Едгардо Каналес во 2019 година, а не е познато кога парот се развел, бидејќи ги чуваа своите животи подалеку од очите на јавноста.