Со кромид млад за Бадник ќе ја пољубиш само во врат“, стои на најновата реклама на една гевгелиска пиљара која на досетлив начин ги промовира своите производи во екот на новогодишните и божиќните празници.
На Фејсбук страницата на пиљарата постојано се објавуваат смешни рекламни пораки кои го привлекуваат вниманието на корисниците. Една од тие реклами е „Не биди папучар, купи си домат јабучар“.
А пак, неделната реклама за новото гравче е „ремек дело“ на авторот. Како и секогаш на некои ќе им биде привлечна и смешна, а на некои бизарна и некултурна, но целта ги оправдува средствата.
„Сакате да бидете погласни од вашиот комшија за Бадник, а не знаете како??? Ние го имаме решението за вас!!! Најдобриот г’зопевец во градот!!! Да беше лето ќе го варевте на сонце!!! Затоа што вашиот задник знае што е добро!!!“, пишува во рекламната порака за гравчето од гевгелиската пиљара.