Балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ вчера го прослави својот 68 роденден, а по тој повод најмилата честитка му беше од неговите ќерки Уна и Лара, како и од неговата сопруга Александра кои сите овие години успешно ги држи далеку од очите на јавноста.
Сепак, неговата ќерка Уна објави фотографија на која е со Здравко и помалата сестрата Лана, а во објавата посвети емотивна порака.
„Среќен роденден на најдобриот татко на светот. Мојот идол, моето се. Те сакам најмногу на свет“ напиша постарата ќерка на Чола.