Холивудскиот актер Ричард Гир на 70 години стана повторно татко. Неговата 35 години помлада сопруга Алејандра Силва му подари син.
Како што пишуваат шпанските медими, Алејандра се породила во Њујорк, и породувањето поминало во најдобар ред.
Инаку, Ричард Гир кој наскоро ќе го прослави 70.роденден, со поранешната сопруга Кареј Ловел го има синот Хомер Џејмс, додека Алејандра од бракот со Говинд Фриедланд, исто така има син, Алберт.