Сите гласини за болеста и пороците на Мелани Грифит паднале во вода кога оваа 65-годишна актерка се појавила на лежерна прошетка во Лос Анџелес.
Облечена во едноставна црна кошула која ја вовлекла во миди лелеаво здолниште со дезен, актерката на сите им дала пример како треба да се облекува вистинската дама.
Со коса високо врзана во пунџа и со очила за сонце на главата, Мелани изгледала феноменално.
Да се потсетиме, долго се шушкаше дека нејзиниот 19-годишен брак со Антонио Бандерас завршил со развод токму поради нејзината склоност кон алкохол и дрога. Во тој период, актерот рекол дека ја обожава Мелани и дека таа засекогаш ќе остане негова најдобра пријателка. Двојката дели старателство над ќерката Стела, додека Мелани има уште две деца од претходните врски и бракови: Дакота и Александра.
Меѓутоа, изгледа дека Мелани одлучила да се откаже од пороците, па сè почесто можеме да ја видиме како шета или вежба, што може да се забележи и по нејзиното затегнато тело.
Она што сега најмногу ги загрижува нејзините обожаватели се модрите подливи на нејзините раце, поради кои секогаш носи ракавици. Експертите објасниле дека веројатно станува збор за процедура која спречува крвните згрутчувања да стигнат до срцето, белите дробови или мозокот. Мелани никогаш не зборувала јавно за својата болест, но за обидите да се откаже од дрогата го кажала ова:
„Ги знам сите правила на трезвеноста. Одбегнувај ја дрогата. Едноставно… Но од некоја причина, тоа е многу тешко за мене.“