Докторот Владимир Чадиковски на Твитер објави убава вест за една успешна лекарска приказна, но уште поуспешна лична и семејна борба на едно дете.
Според неговите зборови, дете, пациент со можеби најтешката срцева маана, кое за нешто повеќе од една година имало дури 4 операции на отворено срце, емоболизација на крвен сад, пејсмејкер, гастростома и трахеостома, конечно ја завршува целата голгота и е со своите родители.
“По 13 месеци борба и 4 операции на отворено срце, емоболизација на крвен сад, пејсмејкер, гастростома и трахеостома ,дете со најтешка срцева мана, на задоволство на целиот тим, се спрема да се спои со своите родители. НАЈГОЛЕМИОТ БОРЕЦ ВО МК!! Гордост!!“ , напиша д-р Чадиковски на Твитер.