Бен Кабалеро е најголем продавач на недвижнини во светот, признание кој го добил од угледните “The Wall Street Journala“ и “Real Trendsa„. Тој лани во Соединетите Американски држави продал дури 5.000 недвижнини во вредност од две милијарди долари.
Според Кабалеро, најважни се две правила при продажба. Првото клучно правило за успех е упростување на процесот на продажба, а второто, да му се допаднете на клиентот. Едно без друго правило не одат.
Како што тој вели, мора услугата или производот што го нудите да се поедностави, со што ќе му олесните на клиентот во неговата одлука. Ако не се држите за ова правило, зделката на клиентот ќе му изгледа сложена и постои можност да се откаже од неа.
Според второто правило, многу е важно да му се допаднете на клиентот, во спротивно, може да се случи да не сака да соработува со вас.
Како би ја олеснил соработката со клиентите, Кабалер развил посебна платформа за градежништво “HomesUSA“.