На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово. Во Болницата „8 септември“ починаа 2 лица, пациент од Велес (67г) и пациент од Куманово (59г), соопштија од Министерството за здравство. Бројката од шест починати е најголема досега од кога е започната епидемијата на коронавирус кај нас.
Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти (12 од Дебар и 20 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови.
Во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје-13, Куманово -25, Штип -1, Прилеп -10, Тетово -1, Велес -2, Гостивар -1, Кичево -1,
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 908 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:
* Скопје – 329
* Куманово – 236
* Дебар – 49
* Штип-28
* Прилеп –85
* Тетово – 38
* Струга – 43
* Велес – 34
* Битола –9
* Охрид –4
* Кавадарци – 3
* Гостивар –9
* Гевглелија – 4
* Струмица – 2
* Крива Паланка-3
* Радовиш – 4
* Крушево – 3
* Кочани – 22
* Пробиштип – 2
* Кичево – 1
Во изминатото деноноќие направени се 710 теста. Преку ИЈЗ – 530, преку Ветеринарен ф-тет -18, Авицена – 20, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 118, а во тестирање со pcr метода се вклучи и Систина од каде во денешната бројка влегуваат 2 позитивни теста. Досега во земјата се направени вкупно 9.262 тестирања на Ковид -19.