Новак Ѓоковиќ со победата над Рафаел Надал стигна до рекордната седма титула на Австралија опен. Расположениот Србин прикажа фантастична игра и не му дозволи на Надал да ја загрози победата.
Покрај Србите кои го бодреа од трибините на тенискиот комплекс во Мелбурн, Новак најголемата поддршка ја имаше од своите деца, Стефан и Тара.
Неговата сопруга на социјалните мрежи постави фотографија како Стефан и Тара го гледаат преносот од Мелбурн и навиваат за татко си.
– Одиме, поддрша од далеку – напиша Јелена на социјалните мрежи.