Една од најпопуларните пејачки и глумици на светот Џенифер Лопез имала необично барање за да гостува во емисијата This Morning на британската телевизија. Имено, Џенифер под итно побарала во студиото да и се донесат подгреани кекси и ладно млеко.
-Една од тајните која Џеј Ло не ја споменуваше е дека сака да јаде кекси и млеко. Да бидам попрецизна, кексите треба да бидат подгреани до одредена температура а млекото да биде полномасно – вели една од водителите на емисијата Холи Вилоуби.
-Нѐ фати паника дека температурата на кексите не е адекватана. Ако ја барате тајната на феноменалниот изглед на Џенфер на пеесет години е токму тоа – се шегува водителот Филип Скофилд.
Инаку, од порано е познато дека Џенфер Лопез сака хотелската соба каде престојуба да и биде комплетно во бело и на секој чекор да ја чекаат бели ружи.