Никлас Кастело е германски уметник кој своите денови ги поминува на луксузни локации, уживајќи на плажите и добрите забави 12 месеци во годината. Папараците го забележале како „врбува“ девојки и ги водел во кревет со неговата сопруга.
Откако ја изложил својата скулптура среде Централ Парк во Њујорк – коцка тешка 186 килограми чисто 24-каратно злато, не постои личност од светот на уметноста која не слушнала за Никлас Кастело.
Тогаш било проценето дека неговиот проект вреди 11,7 милиони долари, а Никлас скулптурата ја нарекол „socle du monde“.
Никлас тогаш изјавил дека сака да создаде нешто „што е надвор од нашиот свет – што е нематеријално“.
Благодарение на неговата неверојатна уметност, Никлас станал исклучително почитуван, но и богат.
Роден е во тогашна Источна Германија, на 21 јули 1978 година, живеел во Париз до 2001 година, а во Германија повторно се вратил во 2003 година. 2 години живеел во Њујорк, каде што го издржувала Арлин Шлос, перформанс уметник.
Популарноста ја стекнал со своите скулптури наречени „Бакнеж“, кои всушност биле противпожарни апарати.
Никлас е во брак со холандската манекенка Силви Мис, помлада од него неколку години и која има 2 деца од претходниот брак со фудбалер.
Парот нема заеднички деца, а животот го поминувале патувајќи низ светот и трошејќи пари на најексклузивните плажи. Кастело очигледно ги финансирал сите тие луксузни патувања, бидејќи неговото богатство е проценето на 15 милиони долари.
Она што е интересно за овој уметник, што тој секој ден доаѓал на плажа без својата сопруга, наоѓал нова девојка, малку разговарал со неа и потоа ја носел во хотелската соба. Тоа го забележале папараците кои секојдневно го фотографирале и „будно“ го следеле изборот на неговите „убавици“.
Во продолжение фотографии од тоа како изгледал неговиот избор и „врбувањето“ девојки.