Најпровокативната тенисерка на светот, Италијанката Камила Џорди, полугола ја честиташе Новата година на социјалните мрежи и уште еднаш покажа што ќе биде нејзината главна грижа по шокантното пензионирање.
Камила на 30 декември го прослави својот 33 роденден, за малку подоцна ја воодушеви јавноста на социјалните мрежи со тоа што не носеше ништо од половината нагоре.
– Нека се остварат сите ваши соништа во 2025 година – напиша Камила која по тенисот поактивно ќе се „фрли“ во светот на модата.
Кариерата ја заврши со четири ВТА титули, нејзиниот највисок пласман беше 26. место на листата, додека летово беше во центарот на вниманието поради наводното бегство од Италија. Ниту ВТА не знаеше каде е Камила, која наводно должела пари.
На крајот на 2024 година, таа се врати во Италија и рече дека сè за парите е лага, додека во текот на нејзината кариера јасно стави до знаење дека можеби модата е пред тенисот.
– Модата отсекогаш била моја голема страст. Многу сакам спорт, но повеќе ја сакам модата. Опсесија која ми е пренесена уште од детството. Мајка ми секогаш ми вели: „Додека можеш да го покажеш своето тело, искористувај, бидејќи подоцна нема да можеш“ – рекла своевремено Камила.