Италијанскиот модел Бјанка Балти, која беше прогласена за најатрактивната жена на светот, беше ѕвезда на гламурозниот хуманитарен бал на магазинот „Elle“ во Мадрид.
Таа се појави во многу провокативна комбинација, но веќе ја видовме во вакви изданија и знаеме дека многу добро ги презентира.
Фустанот кој го носеше познатата манекенка беше целосно проѕирен, па до израз дојде црната долна облека, исто како и нејзиното бомбастично тело. Асиметричниот крој на фустанот му даваше елеганција, а на рацете имаше црни сатенски ракавици.
Комплетниот стајлинг го заокружи со црни елегантни сандали, а темната боја ја разби со црвена чанта и златни обетки.
Манекенката е позната како една од најфаталните Италијанки, а во 2015 година магазинот „Плејбој“ ја прогласи за најсекси жена на светот. Таа има 39 години, а во светот на модата влезе релативно доцна, кога беше во дваесеттите години.