Пациентите кои се наоѓаат во карантин на Белградскиот саем, најавуваат штрајк со глад доколку не им се даде можност за повторување на тестирањето, соопшти ТВ Н1.
Според телевизијата планот на пациентите е да започнат со штрајк утре.
Во апелот испратен до медиумите пациентите велат дека одговорниот епидемиолог Божидар Љубиќ негира каква било одговорност и не сака да разговара со нив и тие не знаат на каков начин да добијат шанса за повторување на тестот.
Одговорниот епидемиолог Божидар Љубиќ негира каква било одговорност и не сака да разговара со пациентите, поради што не наоѓаме друг начин да добиеме можност за повторување на тестот. Покрај тоа, никогаш официјално не ни беа кажани резултатите од претходно направените тестови, ниту пак ни беше дадено нешто написмено“, се наведува во апелот испратен до медиумите.
Како што посочуваат, во привремената болница на Саемот има постари лица, хронични пациенти и едно дете, а условите, според пациетите, не се најдобри за нивното закрепнување.
„Иако станува збор за привремена болница, немаме здравствени картони, ниту соодветна терапија. Од друга страна, голем број на луѓе немаат никакви симптоми“, се додава во апелот.