“НАШЕТО ДЕВОЈЧЕ Е ДОМА“: Роналдо ја сподели првата фотографија со новородената ќеркичка по смртта на синчето (ФОТО)

by Тони Зографски

По трагичната смрт на едно од близначињата, Кристијано Роналдо ја сподели првата фотографија со новородената ќеркичка.

Славниот фудбалер го држи малото девојче во прегратка, додека до него седи и ќеркичката Алана Мартина. Покрај нив позира неговата сакана Џорџина Родригез со останатите нивни деца, близнаците Ева и Матео и Кристијано Џуниор.

„Доме сладок доме. Џорџина и нашето девојче конечно се дома со нас. Сакаме да ви заблагодариме на сите за добрите зборови и гестови.

Вашата поддршка ни е многу важна и ја чувствуваме цела љубов и поддршка што ја изразувате кон нашето семејство. Сега е време да бидеме благодарни за новиот живот кој го дочекавме на овој свет.“, напиша Роналдо.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com