Д-р Елена Арсова, менаџер на Hair Clinic Beograd (www.hairclinicbalkan.com)
Со оглед на тоа дека косата е еден од главните симболи на здравје и убавина, во последните години е развиена посебна гранка во медицината-трихологија. Трихологијата е област која се занимава со проучување на нормалните и патолошките промени на коренот на влакното, со причините за опаѓање на косата, формите на опаѓање или истенчување на косата и секако третманите против опаѓање и за повторен раст на косата. Постојат многу третмани, како третман со мезоконци, ПРП третман, КИТ метода со помош на кои опаѓањето успешно се лечи. Но во одредени случаи, единствено трајно решение за губитокот на коса е трансплантацијата на коса.
Моментално, најсовремената меѓу техниките на трансплантација е сафирната ФУЕ метода , како што ни објаснува др Елена Арсова, трихолог и сопственик на Hair Clinic Balkan (http://hairclinicbalkan.com/mk/%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d1%81%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d1%84%d1%83%d0%b5-%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%be%d0%b4/).
ФУЕ техниката се смета за златен стандард во трансплантацијата на коса и подразбира вадење на поединечни графтови (групи влакна) од донорската регија и нивно всадување во зоната каде недостасуваат влакна. Оваа техника овозможува идеално планирање на распоредот, инклинацијата и дистрибуцијата на графтовите што е клучно за да се добие оптимална густина.
ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА САФИРНАТА МЕТОДА ?
Како што самото име сугерира, оваа техника користи додатоци на инструментите изградени од сафир, со кои се креираат засеци за поставување на влакната. Додека во стандардната ФУЕ техника се користат челични додатоци за формирање на засеците за имплантација, употребата на сафир овозможува формирање на попрецизни инцизии, а со тоа и формирање на помали каналчиња за поставување на влакната. Резултат од тоа е намалување на можноста за оштетување на соседните фоликули и на појава на лузни.
Според др Елена, најголема предност на сафирната ФУЕ метода е постигнување на траснплантација со висока густина и природен изглед на косата и кај мажи и кај жени. Потребни се само 3 дена за да заздрави донорската регија, а графтовите заздравуваа за 5 до 7 дена.
ДАЛИ ПОСЛЕ ТРАНСПЛАНТАЦИЈАТА СЕ ПОТРЕБНИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРЕТМАНИ
После трансплантацијата се препорачува ПРП третман, односно третман со крвна плазма која е богата со фактори за раст на косата. Применета кај трансплантација на коса, ПРП методата како што ни објаснува др Елена Арсова, трихолог и сопственик на Hair Clinic Balkan
ФУЕ техниката се смета за златен стандард во трансплантацијата на коса и подразбира вадење на поединечни графтови (групи влакна) од донорската регија и нивно всадување во зоната каде недостасуваат влакна. Оваа техника овозможува идеално планирање на распоредот, инклинацијата и дистрибуцијата на графтовите што е клучно за да се добие оптимална густина.
КОГА СЕ ЗАБЕЛЕЖУВААТ ПРВИТЕ РЕЗУЛТАТИ ?
Трансплантираните графтови испаѓаат меѓу 4-тата и 8-мата недела. Повторниот раст на косата почнува во третиот месец, а комплетен резултат се забележува меѓу 8-ми и 12-ти месец после трансплантација. Успехот од трансплантацијата на коса http://hairclinicbalkan.com/mk/gallery/%d0%b3%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0-1/ со ФУЕ метод е исто така голем ( 98%-100%) како резултат на развој на медицинската апаратура, која се користи во тек на оваа техника. Препорака на др Елена Арсова се ПРП и ласерски третмани после трансплантацијата, кои овозможуваат поголем степен на преживување на графтовите и побрзи резултати во растот на косата.