Пејачката Тијана Дапчевиќ,, денеска, на Велигден, слави и 18-годишнина од бракот со Милан. Таа објави слика со сопругот, од времето кога биле дечко и девојка, и ја раскажа приказната за тоа како го добила името, и како се запознала со својот сопруг.
„Мојата мајка, (многу пред да стане тоа), ја читала приказната на Ѓура Јакшиќ за Тијана која била вљубена во Милан. Поради таа Тијана на Ѓура, подоцна решила дека и јас треба да се викам така. Две училишта, една академија и неколку љубови подоцна, го запознав Милан на местото на кое не ни знаев дека можам да се појавам (на кошаркарски натпревар), затоа што спорт не поднесувам. Оттогаш, ние двајца поднесуваме сѐ. Оттогаш сите мисли ми почнуваат со множина. Нека ни е среќна годишнината, љубов моја“, напиша Тијана која во бракот со Милан го има десетгодишниот син Вук.