Група руски војници, мобилизирани од градот Серпухов, во близина на Москва, се пожалија дека се пратени во борба во близина на селото Мекиевка, во Луганск, ослободен од украинците овој месец, без сооветна обука и воена опрема и дека во текот на повлекувањето, нивните сили пукале кон нив.
Во видео објавено на Телеграм канал, еден од војниците зборува дека претрпеле големи губитоци. Вели дека преживеаните во моментот се во воен камп во Бараниковка во Луганската област.Регрутите се вселени вое дна куќа урнатина. и како што вели мажот во видеото „не знаат што прават“. Зградата во која се сместени нема струја. ни прозорци, а мажите немаат што да јадат.
Војникот што зборува на видеото се претстави како Владимир Андреевич Гурин. Рече дека останале малкумина, дека биле претепани. Според него, командата на единицата си заминала, а сега се обидуваат сами да ја организираат четата и сами да командуваат.
Гурин спомнува и борец кој се претставил како Точка и ја поделил четата на две единици. Првата единица од 60 луѓе отиде да се бори за Макиевка и не се вратија сите. Регрутите се пожалија и дека им било кажано да не носат ништо со себе, дека завршиле во лоши униформи и дека не знаат каде ќе ги пратат.
По делумната мобилизација во Русија, на социјалните мрежи беа објавени многу видеа на кои војниците се жалат на недостиг на обука, несоодветна опрема и непрофесионално раководство.
Некои покажуваат и застарена опрема и оружје од ерата на Советскиот Сојуз.
Но, Кремљ одлучи да ги запре граѓаните кои објавуваат информации за состојбата на армијата, а во моментов се подготвува нов закон кој треба да воведе уште поголема цензура на медиумите,пренесе Индекс.хр.