Јелена Ѓоковиќ често споделува совети со жените од цел свет околу работата, но и околу улогата на мајка и сопруга. Овој пат Јелена го откри трикот за ослободување од стрес, а во прашање е медитација и јога, за кои секогаш успева да најде време.
Таа со објава на Инстаграм покажа како и започна денот, односно, како виси на глава.
https://www.instagram.com/p/Bu-tk5CDabV/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
“ Чувството да висите на глава и не е толку лошо, ако самите го правите. Тогаш сте подготвени на се“, напиша Јелена под фоторафијата.
Сопругата на Новак Ѓоковиќ вели дека често практикува јога со помош на движење во воздух, со што го опушта нервниот систен.