Полицискиот началник во Хрватска Желјко Долачки денеска е осуден на шест години затвор поради кражба на злато од полицискиот сеф во април 2016 години, објави индекс.хр.Тој тогаш украл два килограми запленето злато, 640.000 куни (околу 85.000 евра) и 290.000 евра.
Долачки е прогласен за виновен за сите точки на обвинението, а судот наложил да му се одземат и 450.000 евра кој ги стекнал со кривичното дело.
Исто така тој ќе мора да ги подмири трошоците за судскиот процес во висина од 19.000 евра и плус 18.360 евра трошоци за вештачење.
Судијата образложи дека вредноста на украденото злато е околу 72.000 евра.