11-годишното момче во саботата паднало во кома и имало два срцеви удари, а лекарите не можеле да му го спасат животот по уште еден инфаркт. Неговите мачители на возраст од 15, 17, 23 и 28 години го заразиле со ХИВ.

Нивната жртва починала во болница во Санта Круз, најголемиот град во земјата.

Боливискиот претседател Луис Аса ги нарече напаѓачите „злобни“.

„Овој трагичен исход не може да помине неказнето, незамисливо е да се прифати толку зло врз невино дете“, рече тој.

Маките на момчето излегле на виделина пред само една недела, откако неговата мајка побарала правда по повеќе од две години сексуално злоставување на кое бил изложен нејзиниот син.

Најстариот од четворицата браќа починал од СИДА минатата година, пишува Дејли мејл.

Група жители на родниот град на детето се појавиле на суд и претепале еден од напаѓачите, кој подоцна бил испратен во затворот Палмасола во Санта Круз.

Еден од малолетниците е во суд за малолетници и ќе биде задржан во центарот за рехабилитација, а се претпоставува дека другиот малолетник побегнал во Чиле.

Момчето проговорило за ужасите што ги доживеал дури минатата година, кога било откриено дека е заразен со ХИВ.

Тој ги идентификувал своите мачители, а неговото семејство контактирало со полицијата.

Момчето рекло дека неговите браќа го силувале повеќе од две години.