Иако јавната егзекуција во центарот на Ваљево била извршена кон крајот на месецот мај во 1942 година, од фотографиите може да се претпостави дека било свежо. Германските офицери се уште ги носат зимските униформи, во слична опрема се и припадниците на легалниот четнички одред под команда на војводата Милорад Радиќ Пинда, кој воодушевено гледа во браќата Станоје и Радисав Јовановиќ, кои доброволно се пријавуваат за екгзекутори.
Припадниците на 714. пешадиска единица на германските окупациски сили, чиј суд претходно ја донесе смртната пресуда за „водачот на отпорот“ задоволно го гледаат спектаклот, организиран на главниот плоштад во српската паланка, само неколку метри од местото каде140 години претходно турците ги погубија српските кнезови, што е непосреден повод за избувнување на Првото српско востание. Секако дека офицерите на Вермахтот воопшто на тој 22 мај не биле заинтересирани за историја, туку нестрпливо чекале да биде погубен партизанот, кој цела година им правеше големи проблеми во округот. Но, историјата имаше друг план.
Раѓање на херојот
Стјепан Стево Филиповиќ е роден во Опузен, Австро-Унгарија во 1916 година. Во црковната книга неговото име е запишано како Стипан, во Мостар добил документи на име Стјепан, додека во Крагуевац го пишале Стеван, неговото партизанско име е Стево. Осум години по раѓањето неговото семејство се сели во Мостар, каде тој минува најголем дел од својот живот. Уште во раната младост покажува голем интерес кон работничкото движење и набргу се зачленува во повеќе младински кружоци, кои се дел од Комунистичката заедница која работи во Кралството Југославија. Се сели во Крагуевац, каде иако Хрват по националност, од своите српски истомисленици е промовиран во локален лидер. По априлската инвазија на германската војска тој се сели во Ваљево, каде е главниот организатор на формирањето на партизански вооружени одреди и е предводник на воените операции против окупаторот. Наредната година тој и неговите соборци паѓаат во заробеништво, па по брза постапка тој е осуден на смрт со бесилка. Брза смрт за проблематичниот Стево, кој ѝ направи толку проблеми на во тоа време најмоќната армија во светот, а кој по ден-два потполно ќе падне во заборав. Но, историјата имаше поинаков план.
Стево самиот се качи на конструкцијата на која беше поставена бесилката, со зборовите не ми е страв да умрам за слобода. Двете раце дигнати во пркос, на лицето насмевка, а во очите непокор.
– Што ви е? Што не станете да се борите? Избркајте ги овие штетници од нашата земја! Другари и другарки, српски народе, хитлеровата војска продре во вашите градови и села, ја пијат вашата крв, ве мачат во затвори и концентрациони логори и масовно ве стрелаат. Пристапете на партизанските одреди, помагајте ја народноослободителната борба. Долу Хитлер – оваа беседа на Филиповиќ завршува со обраќање до џелатите порачувајќи им – браќа Срби не сакам да умрам од ваша рака – и во тој момнет самиот си пресудува на бесилката.
Слика на еден отпор
Погубувањето на Стјепан Филиповиќ го проследиле 3.000 молчаливи жители на Ваљево, а локалниот фотограф успеал во тој момент да го овековечи моментот кога тој со дигнати раце ѝ се обраќа на толпата. Копии од фотографијата наскоро стануваат популарни во градот и околината, а се продава и како новогодишна честитка. Стево само неколку месеци по смртта станува непрежален херој за жителите на градот и симбол на нивната борба за слобода. Примерок од оваа фотографија во природна големина е закачена и во зградата на Обединетите нации во Њујорк, како еден од најдраматичните докази за европскиот анти-фашизам.
Но, анти-фашизмот излезе од мода. Југославија се распадна во крвава граѓанска војна, а идеолошките слуги на нацистите испишаа граници на своите тажни државички. Во такви творевини нема место за партизанот Стево.
Па така со одлука на градските власти на градот Белград, пред извесно време улицата што го носеше неговото име, доби нов назив. Емил Прешка, уште еден Хрват, кој е по вкусот на српската јаност. Но, не онаа антифашистичката јавност, туку четничката. Прешка е славен репрезентативец на фудбалската репрезентација на предвоена Југославија и како таков е подобен да го замени оној комунист и партизан. Сепак, историјата имаше поинаков план.
Накратко по менувањето на името на белградската улица, медиумите објавија шокантни податоци во јавноста. Прешка бил лојален на усташката врхушка во Независна Држава Хрватска, придружен сателит на нацистичка Германија. Тоа внесува паника во градската управа, каде по брза постапка е најавено ново преименување на улицата.
Ова е извонредна парадигма за анти-фашизмот и национализмот. Стево и по седум децении од својата смрт е симбол на слободата. Четниците, пак, и натаму се глупави.
Ова е поткрепа и на универзалната мудрост, кој вели дека како што од гомна пита не може да се замеси, така и од националист не може да излезе паметен човек. Националистите едноставно се идиоти. Историјата секогаш има поинаков план за овие луѓе.
преземено од Фејсбук