Спреј за нос што треба да се внесе еднаш неделно може да обезбеди солидна заштита од вирусот Ковид-19, пишува Дејли меил.
Спрејот досега бил тестиран на творови кои примиле две дози на лекот ден пред да бидат изложени на вирусот – вештачки создадени молекули кои го стимулираат имунитетот.
Резултатите покажале дека средството ја намалил репликацијата на вирусот во носот на творовите за дури 96 проценти, со што се намалил ризикот од инфекција и ширењето на болеста.
Препаратот ИННА-051 ќе се тестира на луѓе во следните четири месеци. Производот првично беше развиен за заштита од вируси на настинка и грип, но сè уште чека на одобрување бидејќи сè уште не е докажано дека делува без никакво сомневање.
Сепак, претходните истражувања покажаа дека тој го „забрзува“ антивирусниот одговор во клетките во грлото на здрави доброволци и оние кои страдаат од астма и дека обезбедува продолжена заштита кај глувците од риновирус кој предизвикува течење на носот кај луѓето.
Доколку биде одобрен, тоа може да обезбеди дополнителна заштита за оние со зголемен ризик од заразување со Ковид 19, вклучително и стари лица и оние кои страдаат од одредени здравствени состојби.
Студија што ги опишува деталите за тестирање на препаратот ИНА-051 е објавена на порталот bioRxiv.