Симптомите на инфекција се движат од скоро никакви проблеми или неколку дена кашлање до синдром на акутен респираторен колапс , што може да биде фатално. Каде лежи разликата, се прашуваа експертите и дали одговорот може да лежи во гените?
Едно објаснување даде генетиката на крвните групи. На крајот на март, генетичарот Пенг Џорџ Ванг и неговите колеги од кинескиот Универзитет за наука и технологија ги објавија резултатите од студијата, која сè уште не е разгледувана, што ја споредија дистрибуцијата на крв кај 2173 пациенти заразени со ковид-19. Се покажа дека крвната група А е поврзана со поголем ризик од инфекција со коронавирус и групата О со најнизок, според Science American.
Епидемијата на САРС исто така покажала слични резултати. Поточно, крвните групи имаат два различни типа на сахаридни молекули на површината на црвените крвни клетки. Едната одговара на групата А, а другата на групата Б. Секој вид молекул произведува ензим чиј ген постои во две форми (едниот за типот А и другиот за типот Б). Третата варијанта на генот кодира неактивен ензим: тип О (од германски ohn, што значи „без“). Едно лице со варијанти на ензим А и Б има крвна група АБ.
Секој шеќер (сахарид) А или Б, може да функционира како антиген и да иницира производство на антитела. Во системот на крвните групи, О е најбогат со антитела.
Жак Ле Пенду од Универзитетот во Нант во Франција и неговите колеги го истражувале моделот на вируси на САРС-КоВ во лабораторијата во 2008 година. Откриле дека врзувањето на вирусниот протеин S со ACE2 клеточниот протеин (што е неопходен за инфекција) ги инхибира антителата против А.
Треба да се напомене дека кинеските научници во студијата изјавиле дека корелацијата помеѓу подобрата одбрана на телото од ковид-19 и крвната група О не значи веднаш дека тоа е правило и дека се потребни дополнителни студии, пишува Science Alert.
Имено, во Вухан голем дел од популацијата има крвна група А, па логично е дека и најголемиот број заразени имале ваков вид крвна група. Дистрибуцијата на крв на населението во Вухан е: 31% од популацијата има крвна група А, 24% Б, 9% АБ и 34% О.
Оние заразени со ковид-19 имале слична дистрибуција на крвни групи: 38% имале крвна група А, 26% Б, 10% АБ и 25% О. Слични коефициенти биле забележани и во градот Шенжен.
Студијата за врската помеѓу крвните групи и осетливоста COVID-19 е објавена на серверот MedRxiv.