Постудените температури што ќе дојдат кај нас после летото ќе доведат до зголемување на ширењето на корона вирусот, потврдија научниците. Истражувачи од Индија ја испитувале врската помеѓу просечната температура во земјата и бројот на случаи на инфекција со коронавирус.
Откриле значителна поврзаност меѓу земјите кои имаат пониски температури и поголем број заразени лица. Наодите може да укажуваат на проблеми што народите од северната хемисфера ќе ги имаат при преминот во зимскиот период, подоцна оваа година.
Според тоа, велат истражувачите, летното време може да биде најдобро за борба против вирусот.
Истражувачите од Централниот универзитет Раџастан ги споредувале просечните температури во земјата со бројот на активни случаи и собрале податоци од крајот на март до средината на април.
Тие заклучиле дека земјите со поголеми географски широчини и постудени климатски услови веројатно имаат повеќе случаи на коронавирус. За разлика од тоа, помалку случаи имало во земји со потопла клима и помали ширини.
„Сите овие набудувања укажуваат на тоа дека ниската температура може да биде фактор на ризик за случаи на коронавирус“ – пишуваат истражувачите.
Идната работа на научниците ќе ги земе предвид и другите фактори, како што се постојните здравствени состојби на некои нации – дијабетес, рак, дебелина …