Наум Петрески се пожали дека ова се тешки времиња за него и за неговото семејство.
Вели дека поради ковид 19, тој е во загуба 70.000 евра, а живее од платата на неговата сопруга и пензијата на неговата мајка.
– Еве, јас ќе и кажам финансиски дека за последнава година сум 60, 70 илјади евра во минус. Живееме со платата од жена ми и пензијата од мајка ми, меѓутоа тоа е… Потоа Наум рече дека од тие пари тешко се живее и дека едвај чека да им се врати на настапите.
-Се трудиме почесто да исполниме некои активности. Лов, риболов, дружење со другари. Иако е пандемија, се дружиме секако.
-Струга е посебно место за мене. Прво е мој роден крај, второ го имаме Дрим, го имаме езерото, имаме многу работи што нема во Скопје. Цела зима моите другари нуркаат, јас ќе полнам веќе 55 години и гледам да не настинувам многу.