Анастасија Петреска, која е пејачка на фолк-музика исто како и нејзиниот татко, Наум Петрески на пролет следната година ќе стане мајка. Таа и нејзиниот свршеник, Владимир Поповски објавија дека очекуваат ќерка.
Пејачката на својот Инстаграм профил објави слика со свршеникот, на која се гледа дека и без шминка изгледа прекрасно.
Неодамна, Наум изјави дека е многу радосен што ќе стане дедо и оти не му е важно дали бебето ќе биде машко или женско. И Владимир, неговиот зет е исто така музичар, тој е пејач во групата “Биоритам“. Анастасија и Владимир свадбата ќе ја прават најверојано во исто време со крштевката на ќерката.
Од последните објави на социјалните мрежи може да се види дека пејачката е активна трудница која секоја прилика ја користи за прошетка.
Инаку, Анастасија и Владимир на почетокот на годината се свршија. Тие уште тогаш најавија дека нема да прават голема и гламурозна свадба, но по раѓањето на бебето ќе направат приватна забава.