На вчерашната 12. седница на Централниот одбор на СДСМ беше избрана нова партиска Комисија за спорт за чиј претседател е именуван ракометарот Наумче Мојсоски.
Претходно Централниот одбор избра и шеф на изборниот штаб. На предлог на претседателот на партијата, Зоран Заев, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, едногласно беше поставен на позицијата.