Во годината која завршува, и во која и се случија и лоши и добри работи, српската пеачка Наташа Беквалац признава дека не ја изгубила вербата во љубовта и добрите мажи, иако по трите разводи се разочарала од институцијата брак.
„ Повеќе никогаш нема да се мажам, тое е дeфинитивно. За љубов сум секогаш расположена, но не и за брак, кој те ограничува во секаква смисла на зборот. Не можам да ветам нешто, кога не знам што ќе се случи ниту до утре. Затоа мислам дека бракот е потполно безначаен. Можеби ова чудно звучи од човек кој зад себе има три брака, но од моето големо искуство ова можам слободно да го кажам – изјави Беквалац за српски Курир.