Животот на рускиот супермодел Наталија Водјанова (37) наликува на бајка, од сиромашна девојка во Русија која работела како продавачка на пазар за да се прехрани до сопруга на милијардер. Родена е во 1982 година во Горки, Русија во многу сиромашно семејство.
Растела со мајка и две полусестри од кои едната има церебрална парализа. Таткото ги напуштил кога Наталија била малечка, па за да преживее семејството работеле на пазар и продавале овошје и зеленчук. Сите пари оделе за болната сестричка. Животот на Наталија се променил кога наполнила 15 години и била забележена од страна на агент од модна агенција. На модната сцена во Париз се појавила на 17-годишна возраст.
За кратко време станала еден од најбараните и најплатени модели, заштитно лице на брендови и трет најуспешен модел во светот, има заработено 20 милиони долари.
Кога станува збор за приватниот живот, зад себе има бурно минато. Од бракот со милијардерот Џастин Портман има три деца. По 9 години брак со британскиот аристократ Наталија го оставила сопругот, а се развеле пред 7 години. Портман тврдел дека Наталија се срамела од него, дека воопшто не и недостасува откако не се заедно и дека не му паѓа на ум повторно да бидат семејство.
Набргу нашла нова љубов, францускиот милијардер Антоан Арно со кого е во врска и на кого му роди два сина, Максим и Роман. Арно е сопственикот на компанијата “LVMH“ која ги поседува брендовите Луј Витон, Живанши и Диор. Неговото богатство се проценува на 84 милијарди фунти, што го прави трет најбогат човек на светот по Џеф Безос и Бил Гејтс.