Ољег С. стар 81 година настрада во својот двор во селото Смиловици, кај Димитровград, пренесуваат српските медиуми.
Според информациите, врз Ољег паднала настрешница од куќата, нанесувајќи му сериозни повреди, кои за жал биле фатални за старецот. Тој починал на лице место.