На синоќешната церемонија на доделувањето на Ем-ти-ви видео музичките награди доминираше Леди Гага. Таа освои пет награди од деветте номинации. Леди Гага освои награди за уметник на годината, песна на годината, најдобра соработка и најдобра кинематографија, наградата за трикон, кои што фановите шпекулираат дека Ем-ти-ви ја измислиле само за неа, која што се однесува на уметници кои што се успешни на различни полиња, вклучувајќи ја и модата и активизмот.
Контроверзната пејачка, освен со бројот на освоени награди, вниманието го привлече и со необичните костими и маски за лице што ги носеше. Лејди Гага и нејзините танчери имаа скоро десет минути енергичен настап, под маски. Особено интересна беше маската на пејачката, бидејќи всушност стануваше збор за ЛЕД-маска, која создаде илузија дека Гага „ја отвора устата“.
„Бидете добри, носете маска! Носењето маска е знак на почит“, ги охрабруваше Гага своите фанови.
На сцената и се придружи нејзината колешка Аријана Гранде, со која го отпеа нивниот дует „ Rain on me “.
Инаку, ова беше прв пренос од големо доделување награди во САД откако почна пандемијата на коронавирусот и се состоеше од видеоговори и настапи без публика.