Наставничка во Индија ги тера децата да тепаат соученик муслиман.
Полицијата го истражува случајот откако видеото на кое се гледа како таа ги охрабрува учениците да удираат шлаканици на седумгодишен соученик, предизвика бес во земјата. Инцидентот се случил во областа Музафарнагар во северниот дел на државата Утар Прадеш, а на видеото се гледа како момчето стои пред соучениците додека наставничката ги повикува учениците да го удираат.
Се слуша како маж се смее додека момчето плаче, а децата продолжуваат да го удираат.
Шефот на полицијата во Музафарнагар, Сатјанарајан Праџапат, рече дека наставничката им наредила на учениците да го удираат момчето „затоа што не ја запомнил таблицата за множење“.