Моника Белучи присуствувала на доделувањето на наградите „Цезар“ и за таа прилика таа била чист одраз на задоволна и заљубена жена.
Славната актерка Моника Белучи прошетала на црвениот тепих на доделувањето на филмските награди, само неколку денови откако била забележана како се бакнува на улиците во Мадрид со режисерот Тим Бартон.
Облечена во огнено, црвено издание – фустан со тесен горен дел, широк долен дел и голема, црвена наметка – Моника изгледала навистина свежо.
Насмеана и задоволна, актерката претставува жив доказ дека годините не смеат да бидат препрека и дека љубовта може да дојде и на прагот од седмата деценија од животот.
Се зборува дека Моника била сама од 2019 година, откако се раздели од долгогодишното момче Николас Лефевре. Претходно актерката беше венчана за Венсан Касел со кој има и две ќерки.
Иако Венсан среќата ја најде покрај дупло помладата девојка Тина Кунаки, Моника тоа никогаш не го коментирала и често била забележувана во нивно друштво.
Жените ширум светот ја обожуваат Моника токму поради нејзината животна филозофија која гласи: прифати се себеси, прифати ги брчките и стареењето. Додека пак може да се каже дека 58-годишната актерка ова го повторува како мантра:
„Што ќе правам кога ќе остарам и кога мојата слика во огледало повеќе нема да ме радува? Истото што го правеше и мојата мајка. Нема да се гледам себеси во огледалото, ќе гледам во моите деца“.