Тој потенцира дека очекува наскоро да умре.
„Сите еден ден ќе умреме. Во последно време често се гледам во огледало и гледам некои точки на лицето што не сум ги видел досега. Си велам дека сум блиску до крајот, дека многу брзо ќе умрам“.
Тој исто така опишал дека дури сега сфатил колку е сè релативно:
„Ебати парите. Ништо не ми значат. На луѓето кои мислат дека парите ќе ги направат среќни секогаш им велам дека тоа е лага. Кога имаш пари, не можеш да очекуваш некој да те сака. Како некој искрено ќе ти ја признае својата љубов кога имаш 500. милијарди долари?“, кажа Тајсон.