Ненадејната смрт на Маринко Роквиќ, кој почина во 68-та година од животот, ги потресе неговите колеги на музичката сцена. Меѓу нив и пејачката Нада Обриќ, која се расплака за време на гостувањето во емисијата посветена на неговиот лик и дело.
Имено, Нада Обриќ последен пат се слушнала со Маринко на крајот на септември, кога долго разговарале и ништо не ја навестувало оваа трагедија.
– Бев таму каде што сега замина Маринко. Се вратив, не знам како… И толку е убаво таму што нема зборови кои можат да го објаснат тоа. Ми беше жал што се вратив. Тој е таму меѓу ангелите, сигурна сум. Нема да можам да одам на неговиот погреб поради пандемијата, но сигурна сум дека наскоро ќе му се придружам и дека ќе ме чека таму. Уморна сум од се’“, рече Нада Обриќ.
Инаку, Нада Обриќ дури четири пати го победи ракот.