На стартот на новата година, некогашната манекенка Дунавка Трифуновска се сврши со нејзиното момче, поранешниот директор на финансова полиција Ване Цветанов.
Цветанов, кому денеска му е и роденден, свршувачката ја објави на својот Фејсбук профил, каде добива бројни честитки од своите познаници и пријатели. Исто така за репортер.мк тој откри дека наскоро ќе има и венчавка.
Од фејсбук профилот на Цветанов може да се види дека тој и неговата избраничка за новогодишните празници уживале на охридскоро крајбрежје.
Инаку, за нивната врска се дозна летоска, кога беа на одмор во Турција.