Серена Кели имала само три години кога ја ставиле во скутот на нејзиниот дедо. Таа имала морници од непријатниот мирис на седокосиот маж. Тој ѝ подарил прстен кој го симболизирал нивниот ’брак‘, говорејќи и на Серена дека имаат „заедница“ и дека таа ќе биде „засекогаш негова“.
Во 1986 година, Серена имала само три години кога ја ’омажиле‘. Прстенот наменет за неа бил толку голем, а таа малечка и немоќна да се спротистави на ужасот кој ѝ се случувал – во моментот кога прстенот ѝ го залепиле на прстот.
Серена е родена во озлогласениот култ „The Children of God“ предводен од Дејвид Берг, кого таа го памети како Дедо. Култот бил основан во 1968 година, имал 13.000 членови во 130 заедници ширум светот.
Избраната
„Мојата мајка беше важна членка“, се присетила Серена во интервју за „The Sun“.
„Водачот на култот ми соопшти дека сум една од ’избраните‘, заедно со уште едно постаро момче по име Рики. Како членови на потесниот круг на култот, живеевме во луксуз. Берг ги пресели Божјите деца на Филипините, а ние живееме во вили со базени и тениски терени. Но, зад сиот луксуз живеев многу мрачен и трауматичен живот.
Пијани оргии
„Кога се симнував во заедничките простории, налетував на пијани оргии. Бев премногу мала за да разберам, но гледав работи кои длабоко ме вознемируваа. Некогаш ме тераа да танцувам и да се соблекувам пред камерите. Брзо научив дека нема да ме снимаат доколку плачам. Бев казнувана поради тоа, но вредеше за да го избегнам снимањето. Постепено се повлекував бидејќи бев очајна во желбата никој да не ме забележи.
Кога Серена имала 5 години, нејзината мајка ја разбудила среде ноќ и ѝ рекла дека заминуваат.
„Возевме до аеродромот, по што следеше лет за Јапонија. Култот често беше под истрага поради злоставување на деца, па тајноста на највисоките членови стана неопходна. Во Јапонија бев под старателство на Дора и музичарот Џереми Спенсер. Од овој момент па понатаму, ретко ја гледав мајка ми.“
Криење
Само една година подоцна, Дора и Џереми го преселиле семејството на имот во Бразил.
„Дора ми кажа дека никој не може да знае дека сум таму. По раѓањето, го добив името Мери-Дир, но ме преименуваа во Серена. Животот беше тежок и честопати добивавме напорни мануелни работи, како што е чистење на тоалетот со четкичка за заби. Во други случаи, нè испраќаа да просиме или да пееме божиќни песни за пари од локалното население. Доколку некое од децата се однесуваше лошо, беше праќано да го претепаат членовите од групата кои се нарекуваа „чичковци“.
Во 1994 година, кога имала 12 години, Дејвид Берг починал, а неговата вдовица Карен ги презела Божјите деца и ги ублажила правилата за интеракција со странци.
Серена се сеќава: „Децата на нашите соседи нè гледаа преку ѕидот и еден ден нè повикаа да им се придружиме на фудбалски натпревар. Кога растев, ми велеа дека тоа се аутсајдери обожувачи на демонот, но како што минував време со нив сфатив дека тоа не е вистина“.
Серена шест години живеела во Бразил, каде нејзината мајка била шеф на јужноамериканското одделение на култот.
Застрашувачката вистина
„Еден ден ја прашав мајка ми дали би ме убила доколку Бог така ѝ каже. Кога ми одговори потврдно, сфатив дека не сум безбедна со мајка ми и се заколнав дека ќе заминам штом ќе наполнам 18 години. Мојот пријател од детството, Рики, веќе побегна, а водичите ни кажаа дека станал плен на демонот и да се молиме да му се случат лоши работи.
Во текот на последните години на Серена во култот, таа била испратена во Мексико да живее со нејзината мајка.
„Стекнав репутација на проблематична девојка, која прави проблеми и строгите правила во Мексико беа осмислени како би ме држеле под контрола. Но, како што си ветив себеси, ја спакував торбата веднаш кога наполнив 18 години. Мајка ми мѝ рече дека никогаш нема да можам да се вратам доколку заминам. Со само 120 фунти на мое име, заминав во САД. Поранешен член на култот ми ја понуди неговата софа, а друг поранешен член ми даде работа.
Животот надвор од култот
Серена признава дека животот надвор од култот ѝ бил огромен културен шок, но и дека била среќна.
Немав банкарска сметка, возачка дозвола или било кој облик на лична карта, но мојата новооткриена независност се чувствуваше како неверојатен луксуз. За првпат имав своја облека и што е најважно, свој простор. И покрај сè, во 2013 година започнав да студирам корпоративна комуникација. А потоа добив неколку високо платени работи во корпоративниот свет.
Но, колку и да бев успешна, не можев да ја игнорирам мојата потреба за лекување. Пред 4 години почнав со советување за траумата, специјализирано за поранешни членови на култ.
Ја споделувам мојата приказна не само да ми помогне да го прифатам моето минато, туку и да ми ја врати моќта. Повеќе не се срамам.