Утринава на социјалните мрежи се прошири видео на кое двајца мажи тепаат девојка. Министерот за внтарешни работи Наќе Чулев објави дека насилниците кои се од Штип се приведени.
“Во врска со видеото кое утрово се споделува на социјалните мрежи, ја информирам јавноста дека од страна на Секторот за внатрешни работи Штип преземени се мерки за утврдување на идентитетот на лицата кои се препознаваат на видеото и истите се лишени од слобода за понатамошно постапување. Според информациите од ПС ОН Штип, станува збор за лицата С.А и П.Р.
За конкретниот настан и преземените мерки известено е основното јавно обвинителство.
Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки за целосно расчитување на случајот“ напиша Чулев на Фејсбук.
Инаку, во видеото кое интензивно го споделуваат корисниците на Facebook може да се видат две млади момчиња кои тепаат девојка прашувајќи ја дали е бремена. Се уште нема информации кога е снимено видеото и како се случило две лица физички да малтретираат девојка.