Диобра Реден ја нападнал судијката Мери Кеј Холтус во окружниот суд Кларк во Лас Вегас откако бил осуден за обид за нанесување на тешки телесни повреди. Адвокатот на Реден претходно ја замолил судијката да го осуди неговиот клиент на условна казна, меѓутоа, Холтус имала нешто друго на ум за повеќекратниот престапник.
„Мислам дека е време да проба нешто друго бидејќи јас едноставно не можам поинаку со оваа историја“, рекла Холтус.
Реден тогаш наеднаш ја прескокнал клупата и почнал да ја тепа судијката.
„Е*ена кучко“, се слуша во судницата.
Американското знаме и знамето на Невада биле соборени во текот на метежот. На снимката се гледа како неколку други луѓе се борат со Реден.
„Што по ѓаволите е со тебе човеку“, се слуша како некој вели во позадината.
Холтус се здобила со полесна повреда на главата, но е во добра состојба. Во текот на борбата со подивениот маж бил повреден и еден судски полицаец.
„Добро е што судијката е во ред. Благодарност и за херојските напори на оние кои и притрчаа на помош. Ситуацијата без нив ќе беше многу полоша бидејќи обвинетиот се однесуваше многу насилно“, рекол окружниот обвинител Кларк Волфсон.
Реден е обвинет дека на 23-ти април му се заканил на еден маж дека ќе му го скрши коленото. Ја признал вината по обвинението, меѓутоа, Холтус издала налог за негово апсење во декември откако не се појавил пред судот.
Реден претходно се појавил пред судот со обвинение за злонамерно уништување на имот. Исто така тој минал и една година во затвор.
SHOCK VIDEO: Las Vegas judge attacked in court during sentencing for three-time felon accused of attempted battery with substantial bodily harm pic.twitter.com/cJXujqmqO9
— Breaking911 (@Breaking911) January 3, 2024