27-годишниот Жилиен Шану од францускиот град Ван, нарачал преку интернет костим за капење за жена му, а наместо тоа му стигнал пакет со златници и златни шипки во вредност од 20.000 евра, пренесува францускиот весник “Ле Поинт“.
Тој очекувал мало пакетче, но му стигнала тешка пратка. Во неа имало: златни француски пари, златници кои датираат од 20 век, како и златни шипки во вредност од 20.000 евра.
“Среќниот“ добитник увидел дека се работи за грешка, па пакетот го однел во полиција, која успеела да го најде вистинскио примател на пратката.